Курти: ЗСО би бил фатален удар за Уставот на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Заедницата на српските општини ќе биде фатален удар за Уставот на Косово, пренесува Коха.

Курту оцени дека не случајно Уставниот суд утврдил дека некои членови од Статутот на ЗСО се во спротивност со Уставот.

– Здружувањето на општините со српско мнозинство би било фатален удар за нашиот Устав. Затоа, не случајно нашиот Уставен суд утврди дека 23 члена од неговиот предложен Статут се во спротивност со нашиот Устав – рече Курти за време на учеството на Мировната конференција организирана од Здружението „Сите за Републиката“, Универзитетот Пантеон Сорбона. Центарот за глобални студии Хајланд при УБТ и деловната мрежа на албанската дијаспора.

Говорејќи за српскиот претседател Александар Вучиќ, Курти рече дека „неговата влада врши административно етничко чистење на општините со албанско мнозинство во Србија, бришејќи ги адресите на живеење на локалните Албанци од општинските регистри“.

– Александар Вучиќ, ученик на Воислав Шешељ и министер за информации (или пропаганда) на Слободан Милошевиќ во 90-тите години, се обидува да инсталира етнократски правно-политички субјект во Косово, за да ја направи нашата република нефункционална. Тој не верува во идејата за либерално-демократско граѓанство. Ова е причината што во исто време сака да инсталира и контролира ваков субјект на Косово – рече Курти.