Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е убеден оти нападот врз членовите на неговиот кабинет во Собранието на Косово бил „подготвен“ и дека инцидентот не e резултат на никаква провокација.
За време на седницата на Собранието на Косово во четвртокот, дојде до тепачка меѓу пратеници од опозицијата и членови на кабинетот на Курти. Конфронтацијата настана кога еден од пратениците го поли Курти со вода, додека премиерот беше на говорницата.
Зборувајќи за овој инцидент денеска, Албин Курти посочи дека пратениците од опозицијата „немале причина“ да ги нападнат членовите на Владата за време на собраниската седница.