„Курти е главниот непријател на Косово“

Пратеничката на Демократската партија на Косово, Ганимете Муслиу рече дека премиерот Албин Курти е главниот непријател на Косово, додавајќи дека тој и другите корумпирани луѓе во Владата припаѓаат во затвор.

Муслиу посочи дека Обвинителството треба да реагира на постапките на првиот човек на косовската извршна власт и корумпираните колеги на Курти да бидат во затвор.

– Партијата која доаѓа на власт со утописки ветувања, префрлање на системот од политички и правен систем во целосно морална сфера, оцрнување и деградирање на сите свои политички противници без никакви критериуми, нема како да не пропадне во пракса. Аферите кои излегоа на виделина се само врвот на ледениот брег, бидејќи за овие речиси три години од нивното владеење, скандалите и лошото владеење, понижувањето на граѓаните и попречувањето на јавниот живот беа секојдневна должност на владата на Албин Курти – изјави таа.

– Неговото доаѓање на власт ќе влезе во историјата како најозлогласен политички експеримент во повоено Косово – додаде Муслиу.