Премиерот на Косово – Албин Курти ја одби поканата на македонскиот премиер – Димитар Ковачевски, да присуствува на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ што ќе се одржува во Охрид на 7. и 8. јуни.
Во соопштението на косовската Влада се наведува дека Курти му испратил писмо на Ковачевски во кое уште еднаш го објаснил односот на Косово кон регионалната соработка. Тој ја поздравува регионалната соработка која се заснова на принципите на еднаквост и затоа е активно вклучено во берлинскиот процес.
Сепак, Курти тврди дека Србија бара нееднаков третман на граѓаните на Косово во рамките на Берлинскиот процес и го блокира секој договор во рамките на Заедничкиот регионален пазар што дозволува регионална соработка заснована на принципите на еднаквост.