
Продолжуваат обвинувањата на релација Белград – Приштина по избувнувањето на нови тензии на северот на Косово.
Косовскиот премиер Албин Курти ги режираше новите, наведувајќи дека српскиот претседател е диктатор, но и „опседнат со врховниот командант на ОВК, Адем Јашари“.
Вучиќ „на 24 септември сакаше православниот манастир Бањска да го претвори во „Кула Јашариј“ за косовските Срби“, објави синоќа Албин Курти на социјалните мрежи.
Тој тврди и дека на средбата одржана во Брисел на 2 мај, српскиот претседател наводно рекол дека Милан Радоичиќ „ќе стане Србинот Адем Јашари“.
„Но, како диктатор, тој не ја разбира историјата: еповите и ослободувањето не се измислуваат и копираат“, рече Курти.
Курти изјави и дека Косово е „демократска држава и прозападна земја“ и дека на Србите не им треба „ослободување“.
На Србите во Косово не им треба ослободување од Република Косово, туку од терористичките орудија на Србија“, изјави Курти со пораката – „кој се интегрира, живее подобро“.
Новите обвинувања на косовскиот премиер кон српскиот претседател доаѓаат по новото заострување на односите меѓу Белград и Приштина, поради конфликтот во Бањска.