На страната на патот, кој води од Балабан кон Бањска, денеска се поставени табли на кои пишува дека тоа е улицата Африм Буњаку, полицаецот кој загина во инцидент што се случи пред една година во Бањска.
Со полициско обезбедување работниците таблата ја поставија на самиот свиок од главниот пат, како и на самиот влез во Бањска.
Одлуката за именување на оваа улица ја донела Владата на Косово на, како што соопштија, вонреден состанок одржан вчера.
– На 221 седница на Владата меѓу нашите главни одлуки беше именувањето на сегментот од регионалниот пат Р-217: Балабан – Бањска, по херојот на Република Косово Африм Буњаку – напиша премиерот Албин Курти на својот Фејсбук утрово.
На северот на Косово е зголемено присуството на косовската полиција како и специјалните единици, а забележлив е и бројот на патроли на КФОР.
Над Бањска може да се видат и беспилотни летала кои снимаат и ја надгледуваат областа.