![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/08/kurti-750x430.png)
Курти бара зголемување на бројот на војници на Кфор на Косово
Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за германски „Велт“ се заложи за зголемување на бројот на припадници на Кфор на Косово. Тој побара и поголем број германски војници од сега што, како што кажа, би ѝ помогнало на Приштина во „одвраќањето на заканите од Србија и Русија“.
„Кфор би можел да ни помогне и понатаму да градиме сопствени безбедносни структури и капацитети. Го зголемивме одбранбениот буџет за 52 отсто, нашите национални безбедносни сили бројат 5.000 припадници и 3.000 резервисти. Но околу Косово има 48 српски воени бази“ кажа Курти.
Тој ги повтори тврдењата дека Србија и Русија тесно соработуваат и дека поради заканата од Србија и Русија итно е потребно да се зголеми бројот на НАТО војници на Косово.