Курдите ја молат Русија да ги заштити од Турција

Тие се надеваат дека Русија може да им помогне при постигнувањето на договор меѓу Курдите и владата во Дамаск за да се заштитат териториите кои ги контролираат на североистокот на земјата, порача претставникот на Сириските демократски сили Арам Хана за телевизијата Ал хадас.

„Ги замоливме Русите да бидат иницијатори на договор за координација на акциите со Дамаск за да се заштити нашата територија од нападите на Турција“, кажа Хама.

Според него, руските претставници на состанокот со претставниците на СДФ ги претставиле условите на Турција кои биле одбиени.

Турција од 20 ноември спроведува воздушна операција против сириското крило на забранетата Работничка партија на Курдистан на северот на Сирија. Нападите се вршат врз градот Кобане во Сирија, како и на северот на Ирак. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган операцијата ја прогласи за успешна и најави дека по неа може да следува и копнена инвазија.