Курдите се судрија со полицијата во Париз

Претставници на курдската заедница во Франција денеска се собраа во центарот на Париз за да побараат одговори на прашањата поврзани со убиството на тројца Курди во Париз.

Протестот на Плоштадот на Републиката во источниот дел на Париз помина со инциденти.

Некои учесници фрлаа клупи, остриги и корпи за отпадоци и се судрија со полицијата.На ова полицијатавозврати со  употреба на солзавец.

Нападот ја потресе курдската заедница во француската престолнина и ја стави полицијата во состојба на готовност за божиќниот викенд.