Куновска: Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ
„Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ. Но едно нека остане запаметено, а тоа е дека цената за овие “туѓи бели дворови” ќе ја плати не само СДСМ туку и ВМРО—ДПМНЕ и сите граѓани на Македонија“ пишува Куновска на ФБ.
„Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за градоначалници и советници ја водеше сам, во консултација со Муртино? Дали сите политики, изборот на тим и фирма за кампања го обликуваше сам, пишуваше резолуции без согласност на органите на СДСМ и координација со пратеничката група, се нудеше за широка коалиција, што јавно, што скриено, постојано се туркаше во прегратките на Мицковски?“ – прашува на Фејсбук поранешната пратеничка и екс член на СДСМ – актерката Софија Куновска по најновата ситуација во партијата и оставките на членовите на раководството.
Според неа, „Исход, сите дома, тој останува. Ако уште ова помине кај “интелектуалците” и членството во СДСМ, нека се подготват партијата да се задолжува и натаму додека не се “потроши” и зградата, а во меѓувреме сите да бидат средство во функција на личните интереси на неколку криминални ликови, чии дела што им демнат со затворски казни над глава треба да застарат“.