Колку хрватските фудбалери се ценети во светот на фудбалот потврдува и интервјуто на Швеѓанецот со македонски корени – Дејан Кулушевски, напаѓачот на Тотенхем.
Кулушевски даде интервју за популарниот „Гол.ком“, а имаше задача да создаде идеален фудбалер.
Левата нога ќе ја земе од Јосип Иличиќ, десната од Еден Азар, брзината од Ентони Еланга, силата од Иван Перишиќ, а фудбалскиот коефициент на интелигенција од Лионел Меси.
Кулушевски високо го цени одличниот хрватски фудбалер кој моментално се опоравува од тешката повреда и операција на лигаментите.
Надалеку е познато дека Перишиќ е еден од најподготвените фудбалери воопшто во светот на фудбалот, па воопшто не е изненадување што тој беше избран од напаѓачот на шведската репрезентација.