Кулеба: Преговори помеѓу Украина и Русија нема да има сѐ додека руските војници не се повлечат од украинска територија

За Украина времето е сојузник поради тоа што нашите воени капацитети од ден на ден се зголемуваат, додека, пак, од друга страна, руските се намалувааат, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, и притоа додаде дека украинските официјални власти сметаат дека во одреден момент војната ќе заврши во нивна корист, со комбинација на војна и дипломатија.

„Оваа цел може да се постигне со комбинација на војна и дипломатија. Нашите генерали се справуваат со првото, а нивната работа е да ги натераат Русите да се откажат и да разберат дека е подобро да се зборува отколку да се бори. Се грижам за дипломатијата и дијалогот кога е можно” – рече Кулеба.

Прашан дали е возможно преговорите да започнат пред евентуално целосно повлекување на руската армија од Украина, тој рече дека тоа зависи од околностите, бидејќи според него на Русите не смее да им се верува зашто досега во неколку наврати, било потврдено дека Русија не ги почитува договорите како, на пример, со извозот на жито.

„Имаше два посебни договори со нас и со Москва, немаше директен договор. Ни треба малку креативност за да најдеме решенија. Ќе ги бараме на сите можни начини, но во моментов нема услови за тоа: Русија продолжува да не напаѓа, затоа што повеќе сака војна отколку мир” – рече Кулеба.