Кулеба пак ја критикува Германија

Дмитро Кулеба – шефот на украинската дипломатија повторно ја критикуваше Германија поради тоа што ги не испратила побараните тенкови како помош во борбата против руските сили.

Тој истакна дека Берлин ветил дека ќе и испрати ново оружје, но такво не ѝ е потребно на Украина.

Кулеба додаде дека „германските одлуки се мистерија” и дека во Берлин има „ѕид за оружјето”.

Германија пред два дена соопшти дека ќе и достави на Украина ракетни фрлачи и оклопни транспортери „Динго”, додека украинските сили се во контраофанзива.