Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика членките на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно за борба против Русија.
„Мојата агенда е многу едноставна. Во неа има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје. Ги повикувам сите сојузници да ги остават настрана своите колебања и неподготвеноста да и обезбедат на Украина сè што и треба. Најдобар начин да и се помогне на Украина е да и се обезбеди на земјата се што и е потребно за да го стави рускиот претседател Владимир Путин на свое место и да ја порази руската армија“ рече Кулеба
Украина интензивно го повикува Западот да ги зголеми испораките на потешко оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, артилерија, тенкови и авиони, додека Москва ја пренасочува својата офанзива кон исток.