Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба вели дека Зеленски, Ердоган и Гутереш ги координирале акциите поврзани со извозот на украински житарки и ситуацијата со нуклеарната централа Запорожје.
Турција и Обединетите нации не се обидоа да го убедат Киев да направи отстапки за Русија за време на разговорите во Лавов, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи.
„Никој не се обиде да не убеди да направиме какви било отстапки за Русија“ – рече Кулеба во видеото на Фејсбук по трилатералната средба на која присуствуваа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претседателите на Украина Володимир Зеленски и на Турција Реџеп Таип Ердоган, пренесе ТАСС.