Кулеба: Зеленски е подготвен за средба со Путин уште утре!

Дмитро Кулеба – шефот на украинската дипломатија денеска изјави дека Володимир Зеленски, е подготвен за средба со неговиот руски колега Владимир Путин.

„Доколку рускиот лидер покаже подготвеност, тие можат да се сретнат уште утре, задутре, буквално. Зеленски е подготвен за таа средба. Неговиот став е јасен, формиран за сите прашања и Украина е подготвена за овие преговори“ – изјави Кулеба.

Тој додаде дека многу земји нудат да бидат домаќини на овој состанок.

Евентуална средба меѓу Путин и Зеленски, заради потпишување договор за решавање на актуелната ситуација, ќе зависи од модалитетите на документот што допрва треба да биде усогласен. Ова го изјави денеска портпаролот на рускиот претседател – Дмитриј Песков.

„Сè ќе зависи од модалитетите на документот, за што допрва треба да се договориме“ – појасни Песков.