Дмитриј Кулеба – шефот на украинската дипломатија им порача на украинските преговарачи да не јадат и да не пијат додека преговараат со Русија.
„Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и да не пијат ништо. И, ако е можно, да избегнуваат допирање на која било површина“ – наведе Кулеба.
Во Истанбул денеска ќе преговараат украинската и руската делегација.
Советите на Кулеба уследија откако вчера беше објавено дека рускиот милијардер Роман Абрамович развил симптоми на труење по патувањето во Киев.