Дмитро Кулеба – министерот за надворешни работи на Украина потврди дека во четврток планира да се сретне со рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров.
Кулеба синоќа на украинска телевизија изјави дека ако Лавров е подготвен за сериозен, содржаен разговор, тогаш и тој е подготвен. Кулеба рече дека ќе разговара со сите што треба за да се воспостави мир.
Русија претходно потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи ќе се сретне со својот украински колега и со шефот на турската дипломатија – Мевлут Чавушоглу на дипломатски форум во Турција, на крајот на неделата.
Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присуствува на средбата закажана за четврток.