„Украина летово очекува да добие статус на кандидат за членство во Европската унија, а одбивањето ќе го смета за измама од Европа“. Ова е изјавата на украинскиот министер за надворешни работи – Дмитро Кулеба во интервју за „Фајненшл тајмс“.
„Доколку не добиеме кандидатски статус, тоа значи само едно – дека Европа се обидува да не измами. И ние тоа нема да го проголтаме“ – рече Кулеба.
Нагласи дека Украина во моментов е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова Европската Унија.