Кузеска: 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски, наместо за плати, училишта и болници
„Луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт. До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за бизнис и уживање, а граѓаните за поданици кои се тука да им го плаќаат луксузот. Додека народот брои денари до крајот на месецот, работниците се на улиците за поголеми плати, премиерот лета на одмор со владин авион. Владата вели нема пари за плати, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели „им кратат 40 милиони евра на земјоделците за субвенции, 5 милиони евра од поддршката во спортот. Дури и на лицата со ретки болести им скратија 3 милиони евра! А истовремено планираат да купат нов владин авион вреден околу сто милиони евра. Како со тендерите, 161, 51, 72, вредни милиони евра, како да се колачи“.
„Со сума од околу 100 милиони евра се обезбедува половина од потребните пари за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците. Може да се изградат најмалку 20 нови современи училишта низ државата, 25 градинки, 10 студентски домови со што илјадници студенти би добиле достоинствени услови за живот и студирање. Со парите за еден луксузен авион може да се изградат 3 нови модерни болници или целосно да се реконструираат повеќе постоечки здравствени центри. Може да се изградат 20 згради за социјални станови, десетици километри водоводи и канализации во рурални и урбани средини каде граѓаните со години чекаат основни услови за живот. Но наместо пари за плати, за пензии, за училишта, болници, Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните“ вели Кузеска.
Порача дека СДСМ бара „криминалната власт веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион. Државата не е приватна компанија, а народните пари не се играчка за опиена, аздисана и криминална власт“.