Кузеска: Човекот познат по саатите од 60.000 евра, изгледа влегол во улога на султан

„Денес го откриваме целиот скандал со луксузните патувања на за Вашингтон на Мицкоски и министрите. Мицкоски, човекот познат по саатите од 60.000 евра, изгледа влегол во улога на султан па решил парите на граѓаните да ги троши за сопствени луксузирања“, вели на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Откако со денови молчи за скандалозното патувања со синот на фамилијарна прошетка за Вашингтон, сега веќе два дена молчи и за цената на удобанта бизнис класа со која патувал за Вашингтон. Излгеда не можел Мицкоски да патува со економска класа и истовремено да носи часовник од десетици илјади евра. Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа. Бизнисмените од Владата, кои милуваат да кажат дека се луѓе од народот, потрошиле сите поединечно помеѓи 4 и 5000 евра само билетите од бизнис класа!

Според нашите информации, За Христијан Мицкоски извршена е нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4000 евра. Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на Министерот за одбана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4500 евра секоја.

Речиси 20.000 евра ги чини граѓаните само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон! Ова ли е тоа душманско трошење на буџетот за кое секој ден беседи Мицкоски? Има ли образ да излезе и да ги оправда овие суми, додека зборува за домаќинско работење?

Затоа ли Тимчо Муцунски со денови ги крие трошоците кои се направени на ова патување? Прашуваме, колку пари се потрошени по хотели и други трошоци на државна сметка?

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните. Нема ден а да не се разобличат лагите и лажните ветувања од кампањата. Ветуваа домаќинско работење, се луксузираат во бизнис класи. Ветуваа транспарентност, се кријат од јавноста со денови. Ветуваа борба против криминал и корупција, а генералниот секретар на Владата Јанушев молчи за 325.000 евра поклон кој го добил како градежно земјиште во Центар?

СДСМ грешеше кога велеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде само обична копија на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е далеку полошо, поизмамничко и понечесно.

Прашуваме: Ќе реагираат ли конечно институциите на сите обвинувања и скандали? Кога ќе се произнесат и ОЈО и ДКСК за сите наводи кои СДСМ ги соопштува во јавноста во изминатиот период. Граѓаните бараа промени, ова што го добија е криминално здружение на манипуланти“, истакнува таа.