Кузеска: Николовски намерно спинува за коридорите
Сакам да ја потсетам јавноста дека Александар Николоски е посочен извор на лажни вести и од амбасади и е демантиран токму од истите, од меѓународни институции. Она што сака да го прави Александар Николоски и во својот статус и ВМРО-ДПМНЕ преку своите изјави токму на оваа тема е спинување на Закон којшто е потполно јасен. За да бидам прецизна ќе се повикам токму на Законот, за јавноста да нема дилеми, рече на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа наведе дека Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (број 163) што значи е достапен за јавноста, како и дела во член 11, став (3), односно во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси.