Кузеска: Мицкоски со владин авион на море, работниците на протест со празни џебови
Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот, рече денеска портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска на прес-конференција.

Таа вели „исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен мерцедес а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион. Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски“.
„За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот. Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион? Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари?“ праша Кузеска.