Кузеска: Имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, граѓаните покажаа демократски капацитет, а институциите зрелост

„Денес имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден. Изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја-членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Таа додаде дека забележани се само некои незначителни неправилности, кои не влијаат во изборниот процес на кој граѓаните слободно можеа да ја искажат својата волја.

„Правото на глас и слободно одлучување се најзначајни придобивки во демократијата. Благодарност до сите граѓани кои гласаа. Граѓаните покажаа демократски капацитет, а институциите зрелост“ рече Кузеска.

Портпаролката на СДСМ исто така се заблагодари на сите граѓани кои гласаа за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму“ рече Кузеска.