Кубански советници за безбедност и лекари ја напуштаат Венецуела, додека владата се соочува со притисок од САД
Кубански советници за безбедност и лекари ја напуштаат Венецуела, додека владата на привремената претседателка Делси Родригез се соочува со интензивен притисок од Вашингтон да го распушти најважниот левичарски сојуз меѓу двете латиноамерикански земји, наведоа десеттина добро информирани извори, пренесуваат светските агенции.

Според дел од изворите, Родригез ја доверила својата заштита на венецуелските телохранители, за разлика од соборениот претседател Николас Мадуро и неговиот претходник, покојниот претседател Уго Чавез, кои се потпираа на елитна кубанска единица.
Во нападот на американската војска во кој на 3 јануари беше заробен Мадуро загинаа 32 Кубанци, потсетуваат агенциите.