Крстевски: Собранието покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани

Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија, реагира Крстевски.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски упати реакција во која како скандалозна ја оценува изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта кон настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан.

– Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија, реагира Крстевски.

В.д градоначалникот смета дека Собранието на РС Македонија со ништо не им помогнало на настраданите и повредените во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не забораваат дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација.