Крстевски се извини на семејствата на загинатите во „Пулс“ за музичкиот дел на Петровден

„Како в.д. градоначалник, мојата улога не е само административна, туку и човечка. Да бидам со сите граѓани, да слушам, да разбирам и да дејствувам со одговорност и чувство“, порача Крстевски, изразувајќи подготвеност за дијалог и соработка со сите засегнати страни.

По бурните реакции од родителите и граѓаните кои изгубија свои блиски во „Пулс“, в.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски упати јавно извинување за делот од програмата за Петровден кој содржел музички дел, оценет како непримерен од страна на семејствата.

„Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата несвесно сум повредил некого“, напиша Крстевски на своите социјални мрежи, додавајќи дека разбира колку е длабока болката кај родителите и блиските.

Во обраќањето, градоначалникот потенцираше дека трагедијата од 16 март не била обична несреќа, туку последица на долгогодишна институционална негрижа, повикувајќи на заедничка промена на системот што ја урниса довербата на граѓаните.