Крстевска: Се подобрува финансиската писменост, потребно е постојано надградување на знаењата

При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“. Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска во интервју за „Слободен печат“, при што нагласи дека финансиската писменост во земјава постепено се подобрува, но поради брзиот развој на дигиталните финансиски услуги, потребно е постојано надградување на знаењата, информира Народна банка.

Крстевска посочи дека Народната банка презема активности за подобрување на финансиската писменост на населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во фаза на образование. Општо земено, младите покажуваат поголем интерес за дигиталните финансиски услуги и се посклони кон вклучување во современите дигитални текови. „Следствено, во современи услови, кога има широк пристап до информации преку интернет, треба да се посвети должно внимание на соодветното едуцирање на младите и на нивното правилно насочување во доменот на користењето на финансиските услуги“, истакна главната економистка.

Осврнувајќи се на заштитата на потрошувачите, таа нагласи дека Народната банка, покрај регулаторните активности, обезбедува и практични алатки за споредба на кредитите, депозитите, како и на надоместоците за платежни услуги, а со новата регулатива дополнително се зајакнува транспарентноста на банките.

Во интервјуто беше нагласено дека финансиската едукација треба да добие соодветно место во формалниот образовен систем, со задолжителен системски опфат на младите. „Со ваквиот чекор ќе се оформат идни генерации кои ќе знаат да управуваат со своите финансии, да избегнуваат прекумерно задолжување, да се заштитат од финансиските ризици и да носат одржливи финансиски одлуки. За ова е потребен заеднички напор и на финансиските регулатори, и на образовните институции“, истакна главната економистка Крстевска.