„Годиниве видовме силен тренд на зголемено вработување во ИТ секторот. Овој тренд не не заобиколи, има преку 2.000 такви компании кај нас што даваат услуги во странство. За жал се помалку инженери работат на нашиот пазар, повеќето се надвор“ – вели Васко Кроневски – директор на компанијата „Некстсенс“.
Кроневски вели дека „недостасува долгорочно планирање, кога ќе се исцрпат сите можни вработувања, ќе дојдеме до заситување по број на вработувања. Треба државата да размисли за стимулативни мерки. Тој голем број на вработени да се искористат за создавање производи, а со тоа и поголема додадена вредност“.
„Мислам дека не постои струка каде не постои потреба и примена на ИТ вештини. Инвестиравме како компанија во развој на нови продуктни решенија кои он лајн работењето го прават да функционира како работењето во физичкиот свет. Ќе се појави оптимизација, ќе се трансформираат постоечките работните места“ вели Кроневски.
Тој напомена дека „приватниот сектор ќе треба да направи трансформација, да се инвестира во технологијата за да се задржи конкурентноста“.