Кристијанштад нов лидер во Ф-групата на Европската лига, Вардар пласман во следната фаза ќе „брка“ во Скопје

Ракометарите на Кристијанштад се искачија на првото место во Ф-групата на Европската лига, откако вчеравечер на домашен терен го победија Вардар со 32:31.

Ракометарите на Кристијанштад се искачија на првото место во Ф-групата на Европската лига, откако вчеравечер на домашен терен го победија Вардар со 32:31.

Ниту осумте гола на Дмитаро Хориха и 18-те одбрани на Милош Валах не беа доволни македонскиот тим да го избегне поразот.

Вардарци остануваат посветени на целта – пласман во следната фаза. Тоа ќе се обидат да го направат на реваншот со Кристијанштад веќе во следното коло.

Табела Ф-група Европска лига на ЕХФ:
1.Кристијанштад 5 бода
2.Вардар 4
3.Сесвете 3
4.Тулуз 0.