Кристијано Роналдо стана Youtuber

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, отвори официјален канал на YouTube и за само еден час собра повеќе од милион претплатници.

Кристијано Роналдо е еден од најпопуларните спортисти во светот. Неговите профили ги следат стотици милиони луѓе на социјалните мрежи, а сега сите ќе имаат можност дополнително да го следат животот на португалската легенда.

Роналдо денеска одлучи да го отвори својот официјален канал на Јутјуб. По еден час настанал вистински хаос и тој собрал повеќе од милион претплатници.

„Чекањето заврши. Мојот YouTube канал конечно е тука. Придружете ми се на моето ново патување“, изјави тој.

Роналдо наскоро ќе започне свој подкаст. Очигледно се е подготвено за тоа и ќе видиме дали ќе се случи.

Договорот на Кристијано Роналдо со Ал Наср е врзан до летото следната година. Се чини дека оваа сезона би можела да му биде последна, но не е исклучено кариерата дополнително да биде продолжена. Лесно е можно по неговата фудбалска кариера Кристијано Роналдо да стане ѕвезда на Јутјуб. На добар пат е, а бројот на претплатници за само еден час од отворањето на каналот покажува се.

Каналот се вика UR. Во видеата ќе зборува за фудбалот, но и за други работи кои го интересираат, меѓу кои образованието, бизнисот…