Кристијано Роналдо се сликаше со вработените во хотелот во Зеница

Вечерва во Зеница се игра квалификацискиот натпревар за Европското првенство во кој се среќаваат Босна и Херцеговина и Португалија.

Гостите вчера пристигнаа во Босна и Херцеговина, а потоа се сместија во хотел во Зеница.

Синоќа тренираа на стадионот Билион Поље, а на прес-конференцијата тренерот Роберто Мартинез најави дека ќе го изведе најсилниот тим.

Времето до почетокот на натпреварот фудбалерите на Португалија го поминуваат во хотелот.

Работниците на овој хотел ја искористија оваа прилика да се сликаат со најголемата ѕвезда на португалската репрезентација и една од најголемите во светот, Кристијано Роналдо.

Во објава на Фејсбук тие истакнаа дека на лицето на Роналдо се гледа колку е задоволен од услугата што ја нудат.

Натпреварот е закажан за вечерва од 20:45 часот на стадионот Билино Поље.