Кристијано Роналдо во кариерата ќе го одигра 1.200-тиот натпревар
Португалецот Кристијано Роналдо (37) денеска ќе го одигра 1.200-тиот натпревар во професионалната кариера и по тој повод неговиот клуб Ал-Насер ќе направи забава на стадионот.
Ал-Наср ќе биде домаќин на Ал-Ријад и 25.000 луѓе ќе бидат сведоци на ново историско достигнување на еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Доколку постигне четири гола, Роналдо ќе го заокружи својот голгетерски опус на 900 гола, иако, се разбира, пореално е тој рекорд да го постигне на некој од следните натпревари.
Роналдо, потсетуваме, дебитираше во сениорска конкуренција за Спортинг во 2002 година (против Брага), а останатото е историја.
Во годините што следат, фудбалскиот свет прими извонреден фудбалер и спортист кој продолжува да ги радува фановите и денес, во својата четврта деценија од животот.
Португалецот, инаку, намерно седна на клупата на гостувањето во азиската Лига на шампиони, за да го одигра и прослави јубилејниот 1.200 меч пред својата публика.
Во текот на кариерата, Роналдо играше за Спортинг 31 натпревар (5 гола), Манчестер Јунајтед 346 натпревари (145), Реал Мадрид 438 натпревари (450),
Јувентус 134 натпревари (101) и Ал Наср 45 натпревари (38).
За португалската репрезентација одигра 205 натпревари и постигна 129 голови.
Пред Роналдо по бројот на натпревари во кариерата се само англискиот голман Питер Шилтон (1.375), уште еден Англичанец Пол Бесток (1.286) и Бразилците Рожерио Сени (1.237) и Фабио (1.212).