Криминалец се качи на дрво во Дебар маало за да ѝ побегне на полицијата

Според видеата што се споделуваат на социјалните мрежи, полицијата го следела осомничениот, но тој успеал да избега и да се качи на дрво.

Полициската потера во скопско Дебар Маало се претворила во вистинска крими комедија.

Според видеата што се споделуваат на социјалните мрежи, полицијата го следела осомничениот, но тој успеал да избега и да се качи на дрво.

Драмата започнала кога полицијата повикала пожарникари и Итна помош со цел да го спасат бегалецот, предлагајќи да го фатат со душек на надувување.

Целата ситуација се решила околу 18:15 часот, кога осомничениот бил успешно симнат и приведен од страна на полицијата, пренесува Фокус..