Крилото на Таравари од АА со поддршка за протестот за УЧК во Скопје

Едно од крилата на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.

Едно од крилата на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.

Од таборот на Таравари повикуваат на масовност и единство – сите Албанци, велат, без разлика на политичката определба, да се приклучат на настанот што треба да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Според нив, протестот е момент за јасно и заедничко искажување на поддршка за „правдата и вистината за ослободителната војна, најчистиот чин на борба за слобода на албанскиот народ“.

Организаторите информираат дека ги завршиле сите административни процедури со Град Скопје и дека очекуваат дозволата за одржување да биде официјално издадена.

„Поднесовме две барања и ја плативме потребната комунална такса. Сега очекуваме формалната согласност, затоа што протестот е наше уставно право“, изјави Бујар Дардишта од Организацискиот совет.

Протестот доби поддршка и од градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој оцени дека иницијативата е легитимен израз на став за хашките процеси.

Премиерот Христијан Мицкоски упати критика кон иницијативата, оценувајќи дека најавата за протест од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е „погрешен потег“.