Денес бевме сведоци на апсурдност. Двајца поранешни владини функционери и човек кој не е ниту партиски функционер, ниту член на Централното собрание, се обидоа да го оспорат законскито право на дејствување на претседателот на Собранието и членовите на Собранието. Се што кажаа е невистина и обид за манипулација, велат од Алијанса за Албанците преку сооопштение објавено на нивната Фејсбук страница.
Ова следува откако крилото на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција обвини дека претседателот на Собранието на партијата, Зијадин Села во неколку наврати го прекршил статутот на партијата, што преставува кривично дело.
Според партиското сооопштение, стои дека Централното Собрание го свикува претседателот на Собранието“.
-Нелегално беше собранието во Куманово каде немаше покана, нема вербален процес, нема печат, нема потпис, дури ни законска постапка. Што се однесува до т.н. Конгрес, кој го свикаа за денес, има голем број прекршоци. На прво место не беа поканети делегатите на Конгресот, повисоките функционери, пратениците или повеќето делегати. Покрај тоа, член 28 од Статутот наведува дека со работата на Конгресот, до моментот на избор на раководството, ќе го води генералниот секретар. Кој ќе го отвори и предводи т.н. Конгрес што ќе се одржи денес?, прашуваат од крилото на Зијадин Села преку објавата на социјалните мрежи.
Им порачуваат на членовите на Алијансата за Албанците и делегатите на Конгресот, дека денешниот конгрес е нелегитимен, а единствениот правен и легален конгрес се одржува во недела, 18 февруари, со почеток во 13:00 часот во македонската „Опера и Балет“.
Како што истакна денеска поранешниот министер за информатичко општество Азир Алиу, не само што Села незаконски го свикал Собранието на партијата, туку и инцијативата за разрешување на Таравари не е согласно статутот на партијата. Тој тврди дека печатите ги има лидерот на АА.
Тензиите продолжија откако се одржаа два состанока на Собранието на партијата, сега се закажани и два конгреса. Првиот вонреден што го свика лидерот Таравари за денеска, вториот на Села, закажан за викендов.