Претседателката на Комисијата за надворешни работи и пратеник на движењето „Самоопределување“, Арбреша Криезиу изјави дека премиерот на Албанија, Еди Рама, повеќе ја сака Србија пред Косово.
Таа го оцени ова зборувајќи за нацрт-статутот на ЗСО предложен од Рама, пренесува Лајми.
Криезиу рече дека не било добро време кога Рама го предложил нацрт-статутот на ЗСО.
„Мислам дека во овој момент не ни требаше таков предлог што дојде од премиерот Рама, како трето лице кое се меша во процесот во однос на предлагањето на такви документи. Јас лично мислам дека тоа не е во корист на Косово и дефинитивно не правиот потег што требаше да се направи е направен од негова страна“, рече Криезиу.
„Да не заборавиме дека станува збор за албанскиот премиер кој континуирано го покажуваше специфичниот пристап што го има кон премиерот Курти“, рече Криезиу.
На прашањето дали таа лично мисли дека Рама повеќе ја сака Србија отколку Косово одговори:
„Секако дека мислам на тоа“.