Против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Обвинителство ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, а ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност, се вели во соопштението кое попладнево го испратија од МВР.
Оттаму соопштија дека полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.
„Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници“ – информира МВР.