Финансиската полиција поднесе кривична пријава против 7 лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево, за изградба на фотонапонски централи. Двајца од осомничените се управители во ЕВН, а биле и во роднински и пријателски врски.
Според информациите, тие успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.
„Првопријавениот и второприjaвениот во својство на управители на ЕВН-Електрани Македонија свесно и со однапред утврдена намера со изготвување на анализи на трошоци и добивки со лажни податоци, прикривајќи суштински факти, лажно презентирајќи несоодветни земјишта како да се соодветни за намената за која се купуваат поради фактот што одредени земјишта не ги исполнуваат условите за пренамена на земјоделско во градежно земјиште и одредени земјишта се во несоодветна категоризација на земјиште за намена за која се купуваат, презентирајќи пазарни цени кои не соодветствуваат со реалните пазарни цени на земјиштата за конкретната категоризација и класа на земјишта прикривајќи го фактот дека пријавените физички лица-продавачи се меѓусебно поврзани, го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН да донесе одлука за склучување договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи“ – соопштија од Управата за финансиска полиција.
Дел од македонските медиуми излегоа со имињата на осомничените кои зарабоија кривични пријави.
Игор Гиевски – управител на ЕВН електрани
Мирослав Митровски – управител на ЕВН елкетрани
Дарко Тодоровски – екс-советник од ВМРО-ДПМНЕ во Делчево
Дарко Ќурчиски – бизнисмен
Влатко и Марија Илиевски, а меѓу осомничените се споменува и името на Орце Тодоровски.
Аферата првпат беше обелоденета во ноември 2021 година.