Кривични за три лица од Подградец – шверцувале нафта од Македонија во Албанија

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.

– Кривични пријави се поднесени против Ј.Д.(43), М.Ч. (38) и Е.Б.(28) кај кои полицијата  пронајде прехрамбени производи, нафта и друга стока  прошверцувани од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Според полицијата,  кај лицето Ј.Д. жител на село Мемелишта, Поградец, при претрес во неговото возило и во перална за возила, која ја користел, пронајдени се прехранбени производи.

Кај останатите две лица жители на селото Удениш, Подградец, во возила, во нивна сопственост, била пронајдена поголема количина нафта и друга стока.

Шверцуваната стока е одземена како материјален доказ.