Кривична пријава за фалсификување пари

Лице осомничено за сторено дело фалсификување пари по член 268 од Кривичниот законик.Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.И. (21) од Општина Дебарца .

Според информации од МВР ,набавил фалсификувана банкнота од 100  евра и ја употребил при купување на бензинска станица во Скопје.

По преземени мерки, тој бил пронајден и поднесена е кривична пријава.