Кривична пријава за фалсификување исправа, измама и надрилекарство

Поднесена кривична пријава против лице  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“, „измама“ и „надрилекарство“.Лицето  И.К.(33) е од село Вевчани,а пријавата е поднесена од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга.

Според информации од МВР пријавениот изготвил три лажни исправи, фалсификат уверение за положени испити при Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, лиценца издадена од Лекарска Комора на РСМ и Уверение од Лекарска комора и ги употребил за вработување на работно место лекар во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.

-Делото го сторил во два наврати и кога за прв пат аплицирал за работа на јавен оглас од 05.09.2016 година. Пријавениот,обавувал работни задачи на работно место – доктор на медицина, со што го нарушил угледот на болницата и ги оштетил буџетот на болницата и буџетот на РСМ, а за себе прибавил материјална корист во износ од околу 3.507.208 денари, се наведува во соопштението од МВР.