
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
Според МВР, 19-годишникот е осомничен дека ја извршил обљубата во периодот од октомври до декември минатата година во Скопје во повеќе наврати.