Кривична за Димитар Спасов за убиството во „Бардовци“
На 05.08.2025 во Скопје во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје“ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, по претходно недоразбирање, пријавениот, осуденик, физички го нападнал И.Т.(62), исто така, осуденик, и со стаклен предмет му нанел повреди, по што починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ информираа од МВР.
МВР информира дека е поднесена кривична пријава за Димитар Спасов, поради убиството на 62-годишникот кого го усмрти во просториите на болницата „Бардовци“ во Скопје.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.