Скопскиот кривичен суд се прогласи за ненадлежен да одлучува за обвинението против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, поднесено од Обвинителството за организиран криминал и корупција, и предметот, по правосилноста на решението, ќе го достави на постапување во Основниот суд Струга.
Од судот информираат дека имајќи го предвид законот за судови, последните измени на кривичниот законик, како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.
Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело – соопштија од судот.
Обвинителството поднесе обвинител акт против рамиз мерко за злоупотреба на службената положба при набавката на лукзузно „ауди а6“, кога сметката на општината била блокирана.