Кремљ: Одлуката да му се даде политички азил на Асад ја донесе Путин

Одлуката за давање политички азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство ја донесе претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата“, рече Песков.

Руските медиуми синоќа објавија дека Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија.