
Кремљ најави средба на Путин и Вучиќ на 8 мај во Москва
„Покрај дискусиите за билатерални прашања, ќе бидат разменети мислења и за состојбата на Западен Балкан“.
Српските медиуми јавија денеска дека рускиот претседател Владимир Путин на 9 мај ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за низа билатерални прашања и ситуацијата на Западен Балкан. Тие пренесуваат изјава на помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков дадена за руски медиуми.
Ушаков нагласил дека стратешката соработка меѓу Русија и Србија е заемно корисна.
„Покрај дискусиите за билатерални прашања, ќе бидат разменети мислења и за состојбата на Западен Балкан“.
Претходно беше најавено дека претседателот на Србија ќе оди во Москва на 8 мај на воена парада по повод Денот на победата во Втората светска војна. Сепак, одењето во Русија стана неизвесно откако Вучиќ нагло ја прекина посетата на САД поради здравствени причини, јавија српските медиуми.
Кремљ денеска објави дека очекува најмалку 29 лидери на држави да бидат присутни на парадата по повод Денот на победата.