Кредитниот рејтинг на Турција се зголеми по 11 години
Турскиот министер за финансии, Мехмет Шимшек изјави дека меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ за прв пат го подигна кредитниот рејтинг на Турција за две нивоа.
„Мудис“, кој го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја по 11 години благодарение на програмата што ја имплементиравме, ја задржа позитивната перспектива за Турција“, сподели Шимшек на социјалните мрежи.
Тој посочи дека рамнотежата на економијата, намалувањето на потребата од надворешно финансирање, зголемувањето на девизните резерви и процесот на дезинфлација биле клучни за зголемувањето на рејтингот.