
Српски државјанин (28) е уапсен во Виена откако на Божиќ исекол по лице постара жена, по расправија со нејзиниот син.
Имено, тој дошол во станот на 40-годишен маж во Виена, кого наводно го запознал малку порано.
Според полициските извештаи, настанала тепачка, меѓу кои и употреба на нож, во која учествувала и мајката на сопственикот на станот, пишуваат австриските медиуми.
При расправијата српскиот државјанин грабнал нож и го нападнал 40-годишникот. Кога 65-годишната мајка истрчала да му помогне на синот, и таа била нападната и прободена со нож во лицето. Мажот потоа побегнал од станот, а полицијата била алармирана.
Полицајците го виделе 28-годишникот пред куќата и успеале да го приведат. Оружјето за убиство, кујнски нож е одземено. Алкотестот покажал дека осомничениот сторител имал алкохол во крвта од 1,98 промили.
Точната позадина на спорот во моментов е нејасна и е под истрага.