Британскиот крал Чарлс Трети ненајавено ги посетил граѓаните кои чекаат во ред да минат покрај ковчегот во кој се наоѓа телото на кралицата Елизабета Втора во Лондон.
Чарлс и неговиот син принцот Вилијам се ракуваа и им се заблагодарија на граѓаните во редот во близина на мостот Ламбет.
Откако стана крал на 8 септември, Чарлс има неколку ненајавени појавувања за да ги посети луѓето кои и оддаваат почит на неговата покојна мајка, која беше суверена во земјата 70 години.
Илјадници луѓе чекаат на ред за да го поминат ковчегот на кралицата изложен во Вестминстерската палата, седиштето на Парламентот, и покрај предупредувањата дека времето на чекање може да биде 16 часа или повеќе.
Ковчегот ќе биде изложен до рано во понеделник кога ќе започне државниот погреб на кралицата во блиската Вестминстерска опатија.